петок, 28 февруари 2025

Премиерот на Федерацијата БиХ ја одби поканата на Додик за разговори за враќање на изворниот Дејтон

Премиерот на федерацијата Нермин Никшиќ (СДП) ја одби поканата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да разговараат, како што се наведува во писмото, за враќање на изворниот Дејтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сум спремен да учествувам во никакви преговори ниту да преговарам за каква било форма на понатамошна политичка соработка со институциите на Република Српска, сѐ додека не бидат запрени и поништени сите форми на неуставни, антидејтонски и антидржавни активности“, вели Никшиќ во писмената реакција до Додик и премиерот на РС, Радован Вишковиќ, која ја објавија медиумите во Сараево.

Тој посочи дека тоа подразбира „укинување и поништување на сите противуставни акти предложени од Владата, а усвоени или што треба да се усвојат од Народното собрание на РС или други органи и тела на овој ентитет, а кои ја оспоруваат јурисдикцијата и овластувањето на државните органи и институции, како и институциите дефинирани со Општиот рамковен договор за мир на БиХ“.

Никшиќ вели дека дискусиите за прашањата од јурисдикцијата на државата БиХ може да се водат само во државните институции на БиХ или, во случај на разгледување политички прашања за функционирањето на парламентарното мнозинство и политичките приоритети на државата, во формат што претпоставува учество на претседатели или претставници на парламентарни партии на ниво на државата БиХ.

Националното собрание на Република Српска усвои закон со кој се забрануваат активностите на Судот и Обвинителството на БиХ, Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ, ВСТС.

Додик денеска најави усвојување на нов Устав на РС, со кој ентитетот на БиХ ќе му се врати на изворниот Дејтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ