вторник, 22 октомври 2024

Премиерот на Црна Гора најави оставка ако просечната плата не биде 1.000 евра

Запишете каде сакате, снимете го со камери ветувањето, апсолутно ќе поднесам оставка ако за една година платата во Црна Гора не биде илјада евра, а минималната 700, кажа вчера црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на конференција за новинарите по повод сто дена на неговата влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е предизборно ветување на популистичкото Движење Европа сега на Спајиќ, кое кон средината на минатата година го доведе до победа на парламентарните избори.

Спајиќ кажа дека неговата влада во првите сто дена ги зачувала угледот и стабилноста на финансискиот систем и економијата на Црна Гора.

„Сè што е ветено ќе биде исполнето до последно“, истакна црногорскиот премиер.

Спајиќ, додека беше министер за финансии во владата на Здравко Кривокапиќ, го осмисли проектот Европа сега, во кој минималната плата во Црна Гора во јануари 2022 беше зголемена од 222 на 450 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ