сабота, 4 јануари 2025

Премиерот на Црна Гора најави целосна забрана за поседување оружје

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ на социјалната мрежа Икс напиша дека на седницата на Советот за национална безбедност ќе се разгледуваат сите опции, како и целосна забрана за поседување оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оружјето, рече Спајиќ, не смее да биде на улиците и во рацете на оние што можат да им наштетат на другите.

Тој објави и тридневна жалост.

„Затоа ќе побарам од новоименуваните раководители на безбедносниот сектор веќе од утре да понудат решенија со кои ќе се осигури безбедноста на нашите граѓани. Јавниот повик за итно вработување на дополнителен број полицајци ќе биде објавен првиот работен ден, без да се чека мислењето на ЕК и Советот на Европа, па итноста ќе ја објасниме подоцна. Уште еднаш апелираме до сите општини вечерва да ги откажат сите концерти. Владата на итна седница донесе одлука – од утре во нашата земја ќе има тридневна жалост“, објави синоќа Спајиќ.

Масовниот убиец од Цетиње Ацо Мартиновиќ се самоуби откако уби најмалку дванаесет лица, соопшти полицијата. Четири лица се тешко ранети. Меѓу жртвите има две деца на возраст од 10 и 13 години и сите се најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ