среда, 25 декември 2024

Премиерот на Чешка: Нападот на факултетот во Прага нема врска со тероризам

Чешкиот премиер Петр Фијала изјави дека злосторството во Прага нема врска со меѓународниот тероризам.

Објавено на

часот

Сподели

„Непотребно згаснаа многу животи на главно млади луѓе. За таков страшен чин не може да постои оправдување. Во овој момент изгледа дека станува збор за чин на осамен напаѓач. Значи, не станува збор за меѓународен тероризам или организирана група. Добив уверувања дека ситуацијата е целосно под контрола и нема никаква друга опасност“, кажа Фијала.

Чешкиот премиер свика итна седница на владата, а Карловиот универзитет нареди итно да се засилат мерките за безбедност поради трагедијата на неговиот Филозофски факултет и ги откажа сите собирања вечерва и утре.

Според досегашните сознанија, 24-годишниот Давид Козак, студен по историја, прво во селото Хустоуњ во близина на Прага го убил својот татко, а потоа на социјалната мрежа Телеграм напишал дека планира масакр и самоубиство.

Полицијата спровела истрага дали профилот од кој Давид Козак пишувал на Телеграм е вистински, почнала потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на факултетот во која требало да има предавање.

Меѓутоа Давид, кој никогаш не правел проблеми или бил во судир со законот, а имал дозвола за оружје, отворил оган во главната зграда на Филозофскиот факултет во туристичкиот центар на Прага.

Тоа беше грозен промислен чин кој заврши во Прага. Тој на крајот си го одзема животот“, кажа шефот на чешката полиција Мартин Вондроуш.

Студентите кои напаѓачот го познале по медиумите кажале дека Давид бил тивко, интровертно, неупадливо момче.

Полицијата ги замоли граѓаните да не објавуваат на социјалните мрежи снимки од нападот, туку, во интерес на истрагата, да ѝ ги испратат на полицијата.

Во Чешка пристигнуваат сочувства од функционери од целиот свет и понуди за помош.

Сè уште не се идентификувани жртвите на денешниот масакр, но сигурно е дека главно станува збор за студенти и предавачи на Филозофскиот факултет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ