петок, 18 октомври 2024

Премиерот Ковачевски сака да изгради пруга за брзи возови од Табановце до Гевгелија

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за приклучување кон проектот брза железница по Коридорот 10, а наскоро министерот за транспорт и врски Благој Бочварски би требало да го потпише меморандумот, брифираат од Владата.

Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони, како што информираат од Владата. Потребната сума за проектот, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, но поврзувањето извесно е дека ќе биде финансирано од европски пари, односно самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, и голем дел од средствата би се исплатиле како европски грант.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ