сабота, 27 јули 2024

Премиерот Ковачевски бара сплотеност за поквалитетен живот на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Тој од Криволак, каде се изведе мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ испрати порака и повик за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над политичките и идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина.

Ковачевски рече дека „од 2006 до 2016 година земјата заглави во изолација, а тогашното раководство на државата не донесе ниту една стратешка одлука“.

„Еднаш раководството на државата во 2006 година реши да чека и чекаше од 2006 до 2016 година. Не донесе ниту една стратешка одлука за државата. Десет години на народот му продаваше реклами на ТВ на кои трошеа повеќе средства отколку што денес се трошат средства за изградба на градинки, нови школи, училишта или опремување на армијата. На крајот поминаа тие 10 години сите сфативме дека сме останале сами и изолирани. Затоа од 2016 година се донесоа одлуки со кои државата стана земја членка на НАТО, со кои државата почна преговори со ЕУ. Благодарение на тие одлуки денес ние сме држава која претседава со ОБСЕ, ние сме држава која од корисник на мировни мисии, пред 30 години, денес е земја во која други држави преговараат за решавање на своите проблеми“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ