сабота, 27 јули 2024

Премиерот и делегации на државата положија цвеќе за Светите Кирил и Методиј

Објавено на

часот

Сподели

„Со оваа активност започнаа чествувањата од програмата за одбележување на државниот празник 24 Мај – ден на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, патрони на УКИМ и светители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија кои со своето дело за ширење на христијанството и јазиците на словенските народи, денеска се празнуваат и чествуваат во повеќе европски земји.

Централните настани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, како и секоја година традиционално, ќе се одржат на 23 и 24 мај во Ватикан и Рим со аудиенцијата на делегацијата на Република Северна Македонија кај Папата Франциск на Светата Столица, која оваа година ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, со молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе” во Рим и со пригодни културно-уметнички содржини во главниот град на Италија“, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ