сабота, 27 јули 2024

Премиерот ги става на располагање институциите за што побрзо мостот Беласица да биде во функција

Објавено на

часот

Сподели

„Според она што го имам како информација прво мора да се направи детална статичка проверка на мостот што е процес којшто мора да го направат стручни институции и лица и врз основа на извештај што ќе биде изготвен. Тој е дел од градот Скопје и секако дека и државата има обврска да биде што побрзо ставена во функција таква клучна сообраќајница. Сите институции што треба да се вклучат, ќе бидат на располагање“, рече Ковачевски.

Мостот од безбедносни причини е затворен за сообраќај. Пожарот избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај. Според известувањата од Центарот за управување со кризи, бил пријавен околу полноќ на единствениот број за итни повици 112. На терен биле испратени осум противпожарни возила и 21 пожарникар. Изгаснат е околу четири часот наутро. Од Противпожарната единица, тогаш за МИА изјавија дека запалена била електрична инсталација и систем за парно греење.

Според првичиот впечаток од увидот, се смета дека огнот равил температура од 1.000 степени поради што е можно дел од челичната арматура и бетонскта подлога да загубиле од еластичноста и статиката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ