петок, 14 март 2025

Премиерот цени дека в.д. претседателот на Врховниот суд е дојден „од кожната фотелја на салонот во Речица“

Во однос на обвинувањата дека најавата од страна на премиерот за протести, доколку членовите на Судскиот совет на коишто им беше изгласана недоверба во Собранието не си поднесат оставка, дека е „класичен упад врз судската власт“, Мицкоски реплицираше дека не станува збор за никаков преседан.

Објавено на

часот

Сподели

„Видете, јас не мислам дека ова е преседан. Не мислам дека вршам упад. Јас само како претседател на Владата предупредувам на последиците од однесувањето на членовите на Судскиот совет, дека може да се случи народ. Тоа е моја должност. Да не биде после не сум предупредил, да не биде после не сум кажал. Затоа што, ако нè фатат во спиење и ни се случи народ, тогаш се плашам дека може да има поголеми последици како во минатото. Се сеќавате имаше и други претседатели на Влада коишто буквално ги користеа заканите за да партизираат во судството“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

За него, крајно дрска и разочарувачка е одлуката на Судскиот совет, за вршител на должноста – претседател на Врховниот суд, да постави човек којшто доаѓа буквално од кожната фотелја во салонот во Речица.

„И сега што зборуваме ние, и како тоа да не го иритира народот? Па нормално е дека  народот ќе биде иритиран. Јас не знам зошто сме изненадени и кој е изненаден? Јас воопшто не сум изненаден, јас само пренесувам тоа што го слушам. Бидејќи сум секој ден со народот, помеѓу граѓаните, разговарам и гледам дека навистина се луѓето вознемирени. И загрижени. Затоа што децата си одат, не си одат поради економски причини. Сега за волја на вистината процесот и е обратен. Но до скоро си одеа затоа што чувствуваа дека нема правда. И тоа е суштината. Јас сум само должен да предупредам, да не биде потоа не сме знаеле и не сме кажале“, повторно предупреди премиерот Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ