Премиерлигата ја одобри зделката со која конзорциумот на Тод Боли треба да го купи Челси за 4,25 милијарди фунти.
Сите инволвирани го поминале тестот на директори и сопственици, па бордот на Премиерлигата дал зелено светло за промена на сопственоста.
Сега останува уште владата на Велика Британија да издаде лиценца за продажба и да се заврши процедурата. Се верува дека се пеглаат последните детали, властите бараат гаранции за долгот од 1,5 милијарди фунти кој Челси го има кон Роман Абрамович, како и ветувањето на Русинот дека профитот од продажбата ќе биде дониран на жртвите од војната во Украина.