петок, 18 октомври 2024

Премиерлига: Јунајтед сигурен, кикс на Тотнем

Објавено на

часот

Сподели

Како во старите добри времиња, Сколс му се радува на првиот гол по август 2010

Сколс, кој го играше вториот меч по камбекот од пензија, се запиша во листата на стрелците во најдобриот можен момент, на крајот на првото полувреме, со што на Манчестер му обезбеди предност и ја врати психолошката стабилност, откако Вејн Руни промаши пенал.

Тоа беше прв гол за ветеранот Сколс по август 2010 година, а Дани Велбек во 74 минута и Мајкл Керик седум минути пред крајот погодија за убедливите 3-0.  „Црвените ѓаволи“ се измачија, но и се изнапромашија за да ја осигурат новата победа, со која се израмнија по бројот на бодовите со градскиот ривал Манчестер сити.

Третиот Тотнем подзастана во трката со тимовите од Манчестер откако играше изненадувачки 1-1 со Вулверхемптон пред своите гледачи. Стивен Флечер со гол во 22. минута ги шокира домаќините, а Лука Модриќ во почетокот на вториот дел израмни, по што следуваше шоу на одбрани и промашувања.

Голманот на Вулверхемптон Вејн Ханеси имаше двојна одбрана при ударот на Рафаел Ван дер Варт, промашуваа Мајкл Досон и Кајл Вокер, го спречи Џермејн Дефо, а на Емануел Адебајор му беше поништен гол поради офсајд.

Челси со голот на Франк Лампард стигна до победа со 1-0 на „Стемфорд бриџ“ против Сандерленд. Лампард го погоди голот на гостите во 13. минута по одбиена топка откако Фернандо Торес со волеј го погоди дирекот.

Во другите мечеви Астон Вила и Евертон играа 1-1, Ливерпул против Стоук 0-0, а Блекбурн со 3-1 славеа над Фулам. Норич ја спаси честа на гостите со единствената победа во седумте дуели откако триумфира кај Вест Бромвич со 2-1. Утре на програмата се два дуели Њукасл – Квинс Парк Ренџерс (14.30 ч.) и Свонси – Арсенал (17 ч.), додека колото завршува со дуелот на Виган против Манчестер сити.

На табелата Сити води со 48 бода и меч помалку од Јунајтед, кој исто така има 48 бода, следуваат Тотнем со 45, Челси со 40, Арсенал со 36 и меч помалку, Ливерпул 35, Њукасл 33, Стоук 30…

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ