петок, 26 јули 2024

Премиерката на Италија смета дека изборите за Европскиот парламент се пресвртница кон ера на десницата во ЕУ

Премиерката на Италија Џорџа Мелони ги најави претстојните избори за Европскиот парламент како „пресвртница“ за ера на десницата во Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерката денес во Рим, за време на последниот предизборен митинг на својата десничарска партија Браќа на Италија кажа дека партијата треба да го направи во Брисел она што е направено во Рим (победа на парламентарните избори во септември 2022 година).

Џорџа Мелони изрази желба „да изгради десничарска влада и во Европа и дефинитивно во опозиција да ја испрати левицата, која нанела толку штета на европскиот континент во текот на сите овие години“.

„Се наоѓаме пред пресвртница и изборите се некој вид референдум меѓу двете спротивставени визии за Европа“, кажа таа пред илјадниците поддржувачи во центарот на Рим.

„ЕУ мора да им биде партнер на националните држави, а не надградба која ги задушува“, кажа италијанската премиерка пред натписот „Со Џорџа, Италија ја менува Европа“.

Таа ја обвини ЕУ дека премногу се фокусира на регулативата и администрацијата, особено на еколошките прашања, и дека станала „рај за бирократите и пекол за оние кои работат“.

Анкетите предвидуваат пробив на европските партии од екстремната десница на изборите кои ќе се одржат од 6 до 9 јуни, иако се очекува традиционалните партии да останат водечки во Европскиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ