сабота, 27 јули 2024

Премиерката на Естонија: Немаме план Б доколку Украина ја изгуби војната

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека Естонија нема план Б доколку Украина ја изгуби војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не треба да се предадеме на песимизмот. Победа во Украина не е само територијата. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без некои територии, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, истакна Калас за Би-би-си.

Владата на Естонија издвои околу еден отсто од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.

„Кога секоја земја од НАТО би го направила тоа, Украина би победила“, смета таа.

Естонија е мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, а власта е уверена дека рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе престане конфликтот во Украина, ќе го сврти вниманието кон Балтикот, со цел поранешните советски републики да се вратат под контрола на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ