сабота, 27 јули 2024

Премиера на перформансот „Два пати Мери“

Објавено на

часот

Сподели

Перформансот се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација.

Перформансот е организиран од „Скоро театар“, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Смарт Балканс – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, и реализиран со поддршка и во соработка со Котур кафе и филм.

„Целиот перформанс е инспириран од македонски (и балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат ‘мудроста’ од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни“, велат организаторите.

Реприза на перформансот ќе се одржи утре. Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео Виктор Бужаров и Иф Атанасова. Текстот на перформансот е на Натали Спасова а пооезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фото изложбата на Филип Куновски, а музиката е на Александар Бошков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ