вторник, 21 мај 2024
Парламентарни избори 2024

„Премиер за сите“, мото на парламентарната кампања на Ахмети со Европскиот фронт

„Премиер за сите“ е мотото испишано под фотографијата на лидерот на ДУИ и Европскиот фронт, Али Ахмети која ги преплави социјалните мрежи, а медиумите на албански јазик пишуваат дека „авторот“ е најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби или дека тој е првиот што ја промовира преку Фејсбук. Такви пораки вечерва се слушнаа и од митингот на коалицијата во Врапчиште, а флаер со таа фотографија се делел „од рака на рака“.

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот фронт се обедини со народот како никогаш досега и тоа во секој агол на земјата и тоа околу европските вредности. Со нашето демократско гласање на 24 април и 8 мај го продолжуваме нашиот чекор кон хоризонтот на Европа, ја зајакнуваме еднаквоста и велиме НЕ за Русија“, рече Ахмети на митингот во Врапчиште.
Ахмети воедно побара поддршка од граѓаните и за претседателскиот кандидат на коалицијата, Бујар Османи, потсетувајќи дека неговото мото за изборите е „Европски претседател“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ