вторник, 18 март 2025

Премалку сол може да биде поопасно од премногу

Колку пати сте слушнале дека треба да го намалите внесувањето сол? Но, дали знаете дека премалку сол може да биде подеднакво, ако не и повеќе, опасно од нејзино прекумерно внесување? Саураб Сети, гастроентеролог од Универзитетот Харвард, објасни зошто внесувањето на сол е клучно за здравјето. Додека многумина се плашат од внесување премногу сол, Сети предупредува дека премалата употреба може да има сериозни последици.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во едно од своите видеа, лекарот објаснува што би се случило ако престанеме да јадеме сол само две недели.

“Солта е клучен електролит кој му помага на нашето тело да ја задржи водата. Без неа, телото брзо би дехидрирало, а волуменот на крвта значително би се намалил, што ќе доведе до пад на крвниот притисок”, објави тој.

Покрај тоа, тој нагласува дека потребата од солена храна би станала речиси неподнослива. Но, тоа не е единствениот проблем.

„Вашите мускули би ослабеле, би можеле да почувствувате вртоглавица, па дури и да се онесвестите“, предупреди тој. „Недоволното внесување сол може да го наруши и здравјето на цревата со тоа што го отежнува варењето и го ослабува црниот дроб, намалувајќи ја апсорпцијата на основните хранливи материи“.

И додека повеќето луѓе внимаваат да не консумираат премногу сол, Саураб Сети тврди дека е многу поопасно да се внесува премалку.

„За повеќето луѓе, важно е да консумираат околу една лажичка морска сол дневно“, рече тој. Секако, пред да направите какви било промени во исхраната, тој препорачува да се консултирате со лекар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ