На средбата се разговараше за различни прашања поврзани со македонското малцинство во Република Албанија, како и за можна соработка во рамките на заштитата на правата и зачувувањето на идентитетот на македонското малцинство“, пишува во објавата на комитетот на фејсбук.
Ѓурѓај, кој е и главен и одговорен уредник на весникот „Илинден”, на Костофски-Фелах ѝ предал пет примероци од последното издание на весникот.
„Македонското друштво „Илинден“ е еден од победниците во рамки на отворениот повик на Комитетот за национални малцинства за проектот „Зачувување и промоција на уметноста, културата, традиционалните занаети и културното наследство за националните малцинства во Албанија“, со проектот „Фото албум со народна облека на македонското малцинство во Република Албанија”, пишува во објавата.
Комитетот за национални малцинства е владина институција во која свој претставник имаат признатите малцинства во Албанија со Законот за малцинства. Претседател на комитетот е Константина Бежани, претставничка на грчкото малцинство.