сабота, 27 јули 2024

Преку продажба на личен накит до помош на жените, жртви на семејно насилство

На иницијатива на хумани жени и со поддршка на Лајонс клубот Светлина Скопје и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во Скопје првпат се одржа новогодишен добротворен базар за користен накит и други убави подароци. Од сите собрани средства ќе бидат купени ваучери и донирани во Националната мрежа за да ги подели на корисничките – жените жртви на семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство нагласува дека ваквите настани се многу значајни за подигнување на свеста на граѓаните за овој проблем од една страна, но и за обезбедување на потребната помош и поддршка за жртвите. 

„Националната мрежа досега не била дел од ваква иницијатива. Иако во Интервентниот женски фонд сме добивале донации од физички лица, сепак не сме учествувале во настан за донирање организиран од индивидуалци, во случајов две прекрасни жени. Ваквите настани се многу значајни за нас, за подигнување на свеста на граѓаните за овој проблем од една страна, но и секако за обезбедување на потребната помош и поддршка за жртвите“, веливо изјава за МИА, Димушевска. 

м

Гордана Спировска, пензиониран професор по математика и една од иницијаторките на базарот нагласува дека одлучиле на базарот да донесат и да ги продадат нивните работи кои им се најдраги и највредни кои, како што вели, ќе добијат уште поголема вредност кога ќе бидат споделени со другите.

„Почнавме од работите кои ни се драги и за нас имаат голема вредност и ако ги споделиме со други можеби ќе добијат поголема вредност отколку да бидат само наши спомени. Изненадена сум од одѕивот и на тие што ги поканивме. Можеби ќе добиеме уште повеќе желба да го повториме и на други, женски празници. Првичниот успех е многу задоволителен, а најважно ни е тоа дека многу од посетителките рекоа дека и тие може да подарат нешто. Размислувам дека и ние можеме да бидеме собирачи на тоа што можеме да го продадеме“, рече Спировска. 

Димушевска ги охрабрува сите граѓани во рамки на своите можности да се вклучуваат во вакви настани и како донатори преку купување на она што се продава, но и како организатори. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ