сабота, 27 јули 2024

Преку оглас, ВМРО-ДПМНЕ ќе бира кандидат за претседател на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска распиша оглас за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од партијата на претстојните претседателски избори.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија денеска од ВМРО – ДПМНЕ, кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересираните кандидати за учество на Конвенцијата треба да ги исполнуваат уставно предвидените обврски и услови за кандидат за претседател на државата и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите оние поединци, кои сметаат дека се потенцијален кандидат треба да добијат поддршка од најмалку 30 делегати кои се претходно изгласани од Централниот Комитет на партијата и објавени на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите треба да поднесат програма и план за работа кои ќе бидат разгледани од страна на работните тела на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател најдоцна до 21 февруари до 17 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението,  ќе го одбере најмотивираниот кандидат кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните претседателски избори 2024 година.

„ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за претседател на Република Македонија, ќе ја порази оваа  власт. Македонија заслужува да има претседател кој активно ќе ги штити државните и национални интереси на сите граѓани и ќе ја претставува достоинствено државата пред Европа и светот“, пишува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ