понеделник, 16 декември 2024

Преку интернет побарал работа во странство, но бил измамен за 11.000 денари

Млад скопјанец бил измамен преку интернет барајќи да замине на работа во странство. Му биле земени 11.000 денари, а работра не добил.

Објавено на

часот

Сподели

„25 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари. Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите. Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ