петок, 27 декември 2024

Прекинато е судењето на Трамп

Сојузна судијка го одобри денес барањето на специјалниот обвинител Џек Смит за суспензија на роковите во процесот против Доналд Трамп за мешање во изборите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е веројатно првиот чекор во завршувањето на кривичниот прогон на новоизбраниот американски претседател, кој е првиот осуденик за кривично дело кој победил на американските претседателски избори.

Смит во барањето за поништување на тужбата вели дека владата поради изборите „бара судот да ги поништи преостанатите рочишта во предсудскиот распоред за на владата да ѝ даде време за проценка на овие околности без преседан“.

Судијката на Окружниот суд на САД Тања Чуткан го прифатила барањето и ги поништила сите преостанати рокови во предсудскиот распоред, јавуваат американските медиуми кои имале увид во судските документи.

Смит претходно разговарал со функционери на министерството за правосудство за тоа како да се затворат двете сојузни кривични постапки против Трамп.

Доколку Трамп изгубеше на изборите, ќе се соочеше со можност за затвор.

Американското министерство за правосудство има долгогодишна политика дека актуелниот претседател не може кривично да се гони, така што победата на Трамп веројатно значи дека нема да се соочи со правни последици во кривичните случаи во кои е обвинет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ