сабота, 27 јули 2024

Прекината е дискусијата за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД

Високиот суд во Лондон денеска го прекина судењето на кое требаше да се донесе одлука дали Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран од Велика Британија во САД и неговото продолжение го закажа за утре наутро.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, не се појави на почетокот на судењето во Лондон, каде што Високиот суд требаше конечно да одлучи дали треба да биде екстрадиран од Велика Британија во САД поради здравствени причини, објавија неговите адвокати, пренесува Би-би-си.

Тимот на Асанж тврди дека во неговиот случај има прекршување на човековите права и дека случајот е политички мотивиран.

На суд, правниот тим на Асанж тврдеше дека има докази за заговор на ЦИА, кога Доналд Трамп беше претседател на САД, да го киднапираат или убијат во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Шпанскиот суд одделно ги истражува наводите дека безбедносна фирма со седиште во Шпанија го шпионирала Асанж за време на неговите години во амбасадата.

Ед Фицџералд, адвокатот на Асанж, изјави пред судот дека не може да им се верува на ветувањата на САД дека ќе добие фер третман и дека неговиот клиент може да се соочи со крајно неправедна и непропорционална казна доколку биде екстрадиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ