„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на 8 февруари 2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен и епизодата со надминување на прагот на алармирање е прекината во Струмица“, пишува во соопштението.
Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Но според последните податоци на waqi,info објавени утрово околу девет часот, среднодневните концентрации на РМ10 во Струмица нависрина се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен и изнесуваат 124 микрограми на метар кубен но среднодневните концентрации на РМ2,5 се многу над дозволениот праг и изнесуваат 170 микрограми на метар кубен. Со тоа воздухот во Струмица е обележан со црвено што значи дека воздухот не е здрав за дишење.
Од Министерството не информираат дали покрај ПМ10 ги мерат и ПМ2,5 честичките.
Што се однесува до Скопје индексот на квалитетот на воздухот денеска е 152 што го става градот повотрно во горната скала на најзагадени градови во светот и тоа на четврто место.
Според податоците на IQAir концентрацијата на ПМ10 честички е 90,5 микрограми на метар кубен, а на ПМ2,5 честичките е 65,4 микрограми на метар кубен што е за 13 пати повеќе од дозволеното според Годишниот водич за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација.