недела, 20 октомври 2024

Преговорите за Миовски продолжуваат, Жирона ќе ја зголеми понудата

Преговорите меѓу Жирона и Абердин за Бојан Миовски траат, шпанскиот фудбалски клуб наскоро треба да достави нова понуда за македонскиот напаѓач.

Објавено на

часот

Сподели

Првата понуда на Жирона до Абердин за Миовски била нешто над 4 милиони фунти, за шкотскиот клуб тоа е недоволно, па предлогот бил одбиен.

Преговорите продолжуваат, Жирона наскоро ќе достави нова понуда со надеж дека ќе помине.

Абердин сака поголема сума, но се разговара и за разни бонуси кои треба да бидат вклучени во договорот како и процент од следната продажба.

Во меѓувреме тренерот на Абердин, Џими Телин вели дека Миовски се однесува максимално професионално и покрај интересот за него.

„Пред се тој е човек и за него во моментов има многу гласини, но Бојан се однесува навистина професионално. Тој е позитивно расположен, се шегува со сите и комплетно е фокусиран на тренинзите. Начинот на кој се подготвува е перфектен без разлика на ситуацијата, тој е комплетно фокусиран на Абердин“, вели тренерот Џими Телин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ