Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали.
По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули годинава. Жителите имаат повеќе барања, меѓу нив и барање да не плаќаат високи сметки за струја. Според последните информации, ЕВН треба да почне да ја реконструира мрежата на 9 август годинава.