среда, 15 јануари 2025

Преговарачите за прекин на огнот во Газа: Договорот е поблиску од кога било

Преговарачите за прекин на огнот во Појасот Газа се обидоа да ги финализираат деталите за фазен прекин на огнот, по разговорите во Катар со цел да му се стави крај на конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Преговорите, кои траеја повеќе од осум часа, го поттикнаа оптимизмот, а претставниците на Катар, Египет и Соединетите Држави, како преговарачи, и Израел и Хамас, изјавија во вторникот дека договорот за прекин на огнот е поблиску од кога било.

Сепак, висок функционер на Хамас доцна синоќа за Ројтерс рече дека палестинската група сè уште не доставила одговор, бидејќи чека Израел да обезбеди мапи што покажуваат како неговите сили ќе се повлечат од Појасот Газа.

Палестинците се надеваат дека разговорите ќе ги секнат израелските воздушни напади и ќе ја олеснат хуманитарната криза.

Според планот, Израел ќе врати стотина преостанати заложници и тела меѓу заробените во нападот на Хамас, а за возврат ќе ги ослободи палестинските затвореници.

Според условите на нацрт-договорот, првите чекори вклучуваат шестнеделен првичен прекин на огнот.

Планот предвидува постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.

Договорот исто така бара Хамас да ослободи 33 израелски заложници.

Нацртот предвидува и преговорите за втората фаза да започнат 16 дена пред првата фаза.

Втората фаза вклучува ослободување на сите преостанати заложници, траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

Дури и ако завојуваните страни постигнат договор, ќе бидат потребни дополнителни преговори за да се постигне конечен прекин на огнот и ослободување на сите заложници.

Сепак, и покрај напорите да се постигне посакуваниот резултат, израелската армија, разузнавачката агенција Шин Бет и воздухопловните сили во последните 24 часа нападнаа околу 50 цели низ Појасот Газа.

Обединетите нации соопштија дека се подготвуваат да ја прошират хуманитарната помош за Газа како дел од потенцијалниот прекин на огнот, но дека останува неизвесноста околу пристапот до границата и безбедноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ