сабота, 27 јули 2024

Предупредување од Хезболах до Израел: „Ако влезете во Рафа, ќе ја изгубите војната“

Лидерот на Хезболах Хасан Насралах кажа дека Израел ќе ја изгуби војната доколку влезе во најјужниот град во Појасот Газа, Рафа, каде се засолнети бројни Палестинци бегајќи од копнената офанзива на израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако влезете во Рафа, ќе ја изгубите војната“, кажа Насралах, а пренесува Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека „и покрај сите масакри, народот на Газа нема да се предаде“ и дека ќе пружи отпор.

„Со кого ќе преговарате ако Хамас биде поразен?“, праша Насралах. Според сајтот Ал манар, Насралах алудирал на дебатата во Израел околу ултраортодоксните војници во израелската војска, додавајќи дека „политичката криза со харедите (ортодоксна еврејска верска група) ќе доведе до колапс на државата.

Тој алудираше и на зборовите на опозицискиот лидер Јаир Лапид дека Израелските одбранбени сили немаат доволно војници да водат војна на северниот фронт.

Претходно премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кажа дека израелската војска ќе влезе во Рафа за да ги елиминира остатоците од Хамас.

„Во Рафа ќе ја завршиме работата, но ќе се потрудиме на цивилите да не им биде нанесена штета“, кажа Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ