недела, 27 октомври 2024

Предраг Мијатовиќ осуден поради финансиски малверзации

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ е осуден во Шпанија поради голема финансиска проневера, примал пари преку агенти кои не ги пријавил.

Објавено на

часот

Сподели

Парите му биле префрлувани на сметка во Луксембург. Поради изнесување на неточни информации за средствата кои му стојат на располагање, пресудата е донесена на 22 декември во Врховниот суд на Мадрид, а јавноста дури сега добила пристап до неа. Легендарниот Црногорец и покрај тоа што во 2009 година ја напуштил улогата на спортски директор на Реал, тој продолжил да работи како посредник во трансферите и врз основа на тоа незаконски стекнал средства.

Тој се стекнал со околу милион евра од две швајцарски компании. Шпанските власти не знаеле за тоа се додека Мијатовиќ со тие пари не купил вила во богатиот дел на Мадрид.

Доколку се потврди пресудата, Црногорецот ќе плати казна од 285.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ