недела, 20 октомври 2024

Предлогот за отповикување на Макрон влезе во собраниска процедура

Предлогот на крајно левичарската партија Непокорена Франција (ЛФИ) за отповикување на францускиот претседател Емануел Макрон влезе во собраниска процедура, објави Паризиен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот утринава го минал првиот круг на парламентарна проверка, а 12 членови на одборот од 22 члена гласале за.

Сојузниците на ЛФИ, вклучувајќи ги пратениците од Социјалистичката партија, кажаа дека нема да гласаат за отповикување на претседателот на Франција. Од друга страна, десницата нема многу причини да ја поддржи иницијативата, наведува Паризиен.

Предлогот на Непокорена Франција собра поддршка од повеќе од 80 пратеници. Ако помине, предлогот ќе биде даден на гласање во следните недели, а потребно е да го поддржат две третини од пратениците.

Доколку тоа се случи, тогаш предлог законот се префрла во Сенатот, каде две третини од неговите членови мора да гласаат за.

Ниеден претседател на Франција не е отповикан за време на Петтата република, иако предлогот за отповикување на Франсоа Оланд, кој во 2016 година го предложија десничарските пратеници, стигна во собранието.

Непокорена Франција во текст објавен во францускиот неделник Трин ди диманш објаснувајќи го предлогот за отповикување го обвини Макрон за „институционален напад против демократијата“ бидејќи одби да ги прифати резултатите на парламентарните избори одржани во јули.

Во текстот партијата истакнува дека Макрон „мора да знае дека сите уставни средства ќе бидат употребени за тој да се урне оф функцијата“.

Непокорена Франција наведува дека одбивањето да се почитуваат изборните резултати и одлуката за нивно игнорирање претставуваат кршење на основните услови на претседателскиот мандат, бидејќи бараат шефот на државата да биде гарант на почитувањето на демократијата и правилата во Франција.

Макрон на 23 јули ја отфрли можноста за именување на кандидатката на коалицијата Нов народен фронт Луси Касте за премиерка, оценувајќи дека таа нема да може да добие доволно поддршка во парламентот. Во меѓувреме го именуваше Мишел Барние за премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ