вторник, 18 јуни 2024

Предлог-законот за јавен интерес за коридорите 8 и 10д оди на собраниска расправа

Објавено на

часот

Сподели

Во образложението на единствениот поднесен амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по овој предлог-закон, кој беше одбиен од страна на владините претставници, пратеникот Миле Лефков истакна дека амандманот се предлага со цел Владата да го објави Договорот за изградбата на коридорите во Службен весник потпишан со стратешкиот партнер во рок од седум дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

„Со амандманот се предлага по членот 2 да се додаде нов член 2а кој гласи „Договорот за градење од членот 6 согласно Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија ќе се објави со Службен весник на Република Македонија во рок од седум дена од денот на влегување во сила на овој закон“, рече Лефков.

Лидија Петкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во самиот вовед став 1 – оцена на состојбите во областа што треба да се уреди се дава можност за ослободување од увозни давачки на приватна компанија со специјален закон, нешто што, како што рече, во најмала рака е многу сомнително, бидејќи навлегува и во автономијата на самиот царински Закон и претставува негово заобиколување.

„Ослободувањето од увозни давачки е стриктно регулирано со членовите 193 до 198 од царинскиот Закон, а таму не се предвидени вакви одредби како што предвидува овој предлог-закон посебно затоа што овде се предвидува ослободување од увозно давачки и акциза при увоз на приватна компанија, нешто што досега не постоело во ниту еден друг закон“, рече Петкоска.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими за време на денешната расправа ја демантираше пратеничката Петкоска и истакна дека овој е пристапот што се користи за договори кога има надворешно финансирање со заеми, посочувајќи дека со заеми одат инфраструктурните проекти и е пристап кој се користи во сите вакви договори што се финансирани од меѓународни финансиски институции.

„Сакам да направам едно разграничување што јавноста треба да го знае- никој не се ослободува од данок. Данок на добивка – што се заработува тука , ќе платат како и секоја фирма. Сите ќе платат данок на личен доход и придонеси. И операторите што се во овој процес и тие што ќе бидат суб-контрактори. Секој што ќе работи на овој проект ќе ги плати сите давачки како и сите останати фирми во било која економска активност во земјата. Тоа што е предмет на ослободување се таканаречените индиректни давачки, тие што всушност се трошок за инвеститорот, а во конкретниот случај инвеститор е ЈП за Државни патишта и се финансира преку буџетски средства, односно преку заеми. Всушност се намалува трошокот кој со други зборови ќе значи доколу во просек ако 20 проценти се давачките по основ на ДДВ, царина и други давачки, тоа ќе значи дека целиот трошок е некаде 20 отсто плус. Овие измени ги има и во постојното решение, но се допрецизира во оваа фаза во однос на тоа да нема дилеми при имплементација за да се констатираат сите такви ситуации во пракса и за да може државата да плати пониска цена. Ова е пракса што веќе е воспоставена тука кај нас и во другите земји и се искористува на начин што реализацијата да биде со пониски трошоци за буџетот“, рече Бесими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ