Спортисти во најразлични категории какви што се велосипедисти, планинари, рекреативци, професионални спортисти на трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и возачи на електрични велосипеди се натпреваруваа први да стигнат до врвот на Водно и да ги надминат своите минатогодишни рекорди.
Учесниците и посетителите имаа можност да споделат добра енергија и супер искуства како резултат на одличната организација на настанот и пријателската атмосфера што владееше меѓу сите што беа дел од него. Шпаркасе банка и понатаму ќе поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и стануваат дел од традицијата на градот.