недела, 20 октомври 2024

Пред училиште во Србија убиени две момчиња, на едното му пукале во глава

Објавено на

часот

Сподели

Според д-р Зоран Круљ, портпаролот на новосадската Брза помош, првиот повик полицијата го добила 17 минути по полноќ.

На местото на настанот било затекнато момче без свест кое во тешка состојба било пренесено на одделот за интензивна нега. Од извори упатени во истрагата, српски Телеграф пренесува дека 20-годишното момче било застрелано во главата. Повредите биле претешки и момчето починало во болница.

Следниот повик стигнал 51 минута по полноќ, кога полицијата на лице место затекнала уште едно момче без свест. Екипите на брзата помош можеле само да констатираат смрт на лице место. Имало 19 години.

Српските медиуми јавуваат дека полицијата синоќа извела опсежна акција, целиот Футог бил блокиран, како и сите излези од Нови Сад. Полицијата уапсила четворица осомничени, на возраст од 21 до 26 години, а наводно само еден од нив пукал во убиените момчиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ