сабота, 27 јули 2024

Пред дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ-ОА: Ќе добијат ли Србите епархија во Македонија?

Објавено на

часот

Сподели

Пред дијалогот на поглаварите на двете цркви, патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, заедно со синодите на СПЦ и МПЦ, во рамките на кој ќе се отвори темата на нерешени административни прашања пред формалното прогласување на автокефалноста на МПЦ-ОА, Чворовиќ сугерира дека два или три средновековни манастири на територијата на Македонија треба да добијат статус „ставропигијални“ што значи да бидат изземени од епархиите на МПЦ, а со нив да управува директно српскиот патријарх.

Како што пишува весникот, уште од првата најава дека белградската патријаршија има намера да ја признае МПЦ, неофицијално се говори и за потребата да се заштитат интересите на Србите и на верниците на СПЦ и тоа преку некаков вид присуство на СПЦ на територијата на Македонија. Основањето на епархија на СПЦ во Македонија, според познавачите на црковното право и меѓуцрковните односи, не би било никаков преседан или нетипична отстапка. На ист таков начин СПЦ е присутна во Романија, каде што ја има Темишварската епархија иако Романската православна црква има целосна независност. И обратно, патријаршијата од Букурешт има своја епископија во Србија – „Дакија феликс“ со административно седиште во Вршац. СПЦ, пак, во поинаква форма е присутна и на подрачјето на Руската православна црква со оглед дека во Москва дејствува Подворје на СПЦ, кое чини целина со храмот на светите апостоли Петар и Павле во кој редовно се одржуваат богослужби. Идентитчно Подворје Московската патријаршија има во Белград, на Ташмајдан.

„Со основање епархија на СПЦ во Македонија Србите од оваа држава би добиле можност верските потреби да ги задоволуваат во матична црква. Тоа би значело многу за нивната духовност, но и за културата и просветата. Македонската црква со тоа би изразила благодарност на СПЦ за прифаќањето на нивната самостојност“, изјавил извор од СПЦ за „Новости“.

Србите во Македонија, како што се додава во текстот, опоменуваат дека е крајно време целосно да им се остварат правата кои што им припаѓаат.

„Новости“ пренесува и изјава на претседателот на Демократската партија на Србите и пратеник во македонското Собрание, Иван Стоилковиќ кој вели дека СПЦ со прогласувањето автокефалност на МПЦ покажала дека никако не се вбројува во уништувачите на македонскиот народ и држава, туку напротив.  

„Решавањето на расколот претставува добар, темелен влог за иднината и односите меѓу двата народа и двете држави. Затоа српскиот народ во Северна Македонија очекува дека проблемот со слобода на вероисповед кој што државата до сега го игнорираше, како и зачувувањето на српското црковно и културно-историско наследство ќе бидат решени на соодветен начин“, вели Стоилковиќ.

Според весникот, во идните разговори меѓу СПЦ и МПЦ тема ќе биде и начинот на интеграција на Православната охридска архиепископија на Вранишковски. Тоа подразбира вклучување на нејзините епархии, владици во новата автокефална црква, со посебна грижа за верниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ