сабота, 27 јули 2024

Пред да го изврши масакрот во училиштето во Тексас, убиецот пукал во својата баба

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата за Си-ен-ен ја потврдиле три лица поврзани со истрагата, а полицијата само официјално им потврди дека бабата е пренесена во болница.

18-годишниот Салвадор Рамос упадна во основно училиште во Тексас и уби 19 деца и двајца возрасни, а потоа и самиот загина, најверојатно при престрелка со полицијата. Пукањето се случило во 11:17 часот по локално време во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште во кое учат ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и сиромашен економски статус.

Ова е најсмртоносниот напад во основните училишта во САД откако пред десет години беа убиени дваесет деца и шест наставници во пукање во училиштето Сенди Хук во Конектикат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ