понеделник, 21 октомври 2024

Пред Ајфеловата кула оставени посмртни ковчези со натпис „Француски војници од Украина“

Пет ковчези со натпис „Француски војници од Украина“ биле откриени вчера во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде три лица се приведени, а полицијата истражува „можно странско мешање“, пренесува Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Три лица вчера претпладне пред Ајфеловата кула поставиле посмртни ковчези со реална големина, прекриена со француски знамиња и натпис „Француски војници од Украина“, а во ковчезите имало гипс.

Возачот на комбито кој ги превезол ковчезите е уапсен.

Тој кажал дека му се „платени 40 евра за да довезе лица и товар“, кажале полициски извори и додаде дека тој ден претходно допатувал од Бугарија.

Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз, додека се подготвувале за пат во Берлин, додале истите извори.

Приведени се лица со бугарска, украинска и германска националност, навела полицијата, и додала дека „истрагата е во тек за да се утврди можно странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврдило националноста на осомничените и навело дека тие и понатаму се во полициски притвор поради „насилство со предумисла“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ