петок, 18 октомври 2024
Почна одбележувањето на Светска недела на доењето

Правото на доење за сите жени мора да биде заштитено

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Центарот за промоција на здравје и човекови права „Матрона Интл“, предизвиците на вработената жена остануваат една од најчестите причини за жената да престане да дои порано од посакуваниот и препорачаниот период, кој е најдобар за здравјето, растот и развојот на детето. Токму поради тоа на жената и е потребна соодветна поддршка за одржување на доењето.

„Во тој контекст, на самото работно место, каде престојува жената која дои треба да се обезбедат соодветни капацитети (услови, простор, опкружување) за доење. Соодветна алтернатива се обезбедување на услови за измолзување и чување на мајчиното млеко. Досега само 47 земји во светот наложуваат обезбедување на адекватен простор за доење на работното место“, пишува во соопштението.

Во текот на оваа недела се организираат различни активности, настани и информативни кампањи со цел да се информираат луѓето за предностите од доењето, за митовите и стигмата околу доењето и да се обезбедат потребните ресурси и поддршка на мајките кои сакаат да ги дојат своите деца.

„Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи жените и да им го приближи доењето како природен и најдобар начин на исхрана на нивните деца во првите месеци од животот, вклучително со нивната општествена инклузија како вработени мајки доилки“, се наведува во соопштението од „Матрона Интл“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ