сабота, 27 јули 2024

Правосудната комисија на грузискиот парламент го отфрли претседателското вето на законот за „странски агенти“

Комисијата за правда на грузискиот парламент денеска го отфрли ветото на Законот за „странски агенти“ од страна на претседателката на земјата, Саломе Зурабишвили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Потегот на Комитетот дозволува повторно да се расправа и да се гласа во парламентот за контроверзниот закон, за кој омбудсманот на кавкаската земја предупреди дека се потребни промени за да се ограничи штетата што ќе ја нанесе на граѓанското општество.

Пред неколку дена, законот за „странски агенти“ беше усвоен во второ читање во парламентот, кој е под контрола на владејачката партија „Грузиски сон“, и покрај повеќенеделните протести кои повеќепати беа разбиени од полицијата.

Критичарите на мерката што владејачката партија сака да ја спроведе велат дека таа ќе ја ограничи слободата на медиумите и ќе ги намали шансите на Грузија да се приклучи на Европската унија.

На законот, кој Западот го осуди како спротивен на обидот на Грузија да се приклучи на евроатлантската заедница, беше ставен вето од претседателката Саломе Зурабишвили на 18 мај.

Но, парламентарната комисија за правни прашања, во која исто така доминира „Грузиски сон“, на денешната средба повика да се отфрли претседателското вето и побара повторно да се расправа за законот во собранието, каде со своите партнери има доволно гласови да го отфрли.

Големи протести во повеќе наврати го зафатија грузискиот главен град Тбилиси, додека законската процедура беше усвојувана во парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ