сабота, 27 јули 2024

Православните христијани го слават Божиќ, поглаварот г.г. Стефан повика да се обединиме и да се обединуваме

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики.

Објавено на

часот

Сподели

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упати Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое меѓу другото се вели:

„Иако поминаа повеќе од две илјадалетија од овој Божествен настан, нештата во светот не се променети. Така е зашто човечките добродетели, но и човечките слабости, остануваат исти во секоја епоха, а слободата е неотповиклив дар Божји за човекот. И денес гледаме страшни поделби во светот. Изгледа како омразата да царува, а љубовта да згаснува. Се чини дека човештвото никогаш не било толку поделено и спротивставено. Братоубиствените војни леат реки од невина крв, која не е различна од онаа на витлеемските младенци. Поделби гледаме и внатре во Црквата.

null

Православието никогаш не доживеало толкава подвоеност и внатрешно неединство. За жал, поделбите на различни основи не ја одминуваат ниту нашата македонска земја. А духовното и национално единство ни е попотребно од било кога, за да можеме како Црква и како народ да опстоиме и да зачуваме сѐ што е наше – македонско. Па се поставува прашањето: што можеме да направиме тука ние како Црква? Можеме да го направиме токму тоа за што сме повикани – да се обединиме и да се обединуваме, онака како што некогаш се обединија луѓето и ангелите пред Витлеемската пештера. Само така ќе го исполниме христовиот повик од Гетсиманија: да бидат сите едно. Вакво обединување е можно само со Христа и во Христа, кој единствен го помири небесното со земното.
Токму во името на мирот и на добрата волја, во средината на 2022 година се збидна и прифаќањето во канонско единство и признавањето на автокефалниот статус на нашата света црква, со што таа повторно беше вброена помеѓу помесните православни цркви. Таа подадена рака во името на љубовта, даде можност да се надмине повеќегодишната поделба на православните христијани во нашата македонска црква, да си простиме и меѓусебно да се измириме, та, еве, сега повторно заедно да му се радуваме на овогодишниов Божиќ.
Па, само луѓе и народи во кои и помеѓу кои е присутен христовиот мир, имаат добра волја, и го бранат и го чуваат мирот и со Бога, и во себе и со сите околу себе!
Амин! Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото 2024-то лето господово!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ