петок, 27 септември 2024
Кривична пријава за времето додека раководел со затворот во Струмица

Пратеникот од СДСМ, Цветков на своја рака ослободувал осудени лица додека бил директор

Борче Цветков, пратеник од редовите на СДСМ ќе одговара кривично, за периодот додека директорувал со затворот во Струмица. Како што веќе објавивме според соопштението на МВР, струмичката полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична приjава против лицето Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

За кривичното дело станува збор за тројца осуденици кои користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затворот и по еден месец. Нивните имиња се Гончо Темелков, Лазо Котуровиќ и Ѓорге Велков.

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.. Тројцата осуденици користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затворот и по еден месец. А во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К., кој понекогаш се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ