сабота, 27 јули 2024
Поднесена иницијатива

Побарано од Уставниот суд времено стопирање на испитите на АСЈО

Адвокатската канцеларија на адвокатот Александар Огненовски до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на членот 2, став 1 од измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со која се предлага и решение за времено запирање на сите акти и постапки до одлуката во однос на уставноста. Со законските измени, како што е наведено во иницијативата, збирот на бодовите од практичниот и усмениот испит на слушателите на Академијата да изнесува 105 бодови, што е во контрадикторост со неизменетиот став кој предвидува збирот на бодови да изнесува 100.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 1 април до 5 мај 300 пријавени кандидати треба да полагаат квалификацискиот тест, како и писмениот и усмениот дел од практичниот испит во Академијата за судии, а од нив според бодувањето 130 ќе можат да засноваат работен однос како слушатели во Академијата. Но, доколку Уставот суд ја прифати иницијативата и времената мерка, тогаш сите испити ќе мора да бидат ставени во мирување до конечната одлука за уставноста или неуставноста на членот 45 од Законот“, коментира aдвокатот Огненовски.

Инаку, Милошоски неодамна изјави дека брзајќи да ги направаат роднините судии и обвинители се направија грешки, па така пратениците од мнозинството заедно со неспособниот министер и заменичката за правда, на 28 февруари го изменија Законот за АСЈО и направија правен хаос и неспроведливост на членот 45 од истиот закон.

„Во Академијата тие што сакаат да се вработат како слушатели за идни судии, треба да полагаат и практичен испит за кој пред законските измени беа предвидени вкупно 100 бодови (70 бода од писмениот дел и 30 бода од усмениот дел). Со законските измени (Сл.весник бр.53/2024), за да се зголеми уделот на субјективниот фактор во бодувањето, неспособните министер Кренар и заменичката Мадиќ, предложија, а пратениците од СДСМ и ДУИ изгласаа, да се добиваат 35 бода од усмениот дел на испитот. И сега Законот за Академија за судии има контрадикторен чл.45 кој во ставовите 9 и 13 пропишува 105 бодови од полагањето на практичниот испит, а ставот 14 на истиот член императивно наведува дека на практичниот испит можат да се освојат најмногу 100 бода. Ова со право на секој кандидат за слушател во Академијата ќе му даде основ за покренување на тужба поради погрешно и нееднакво пресметување на аритметичкиот збир на бодовите и утврдувањето на конечната оценка кај секој кандидат одделно и ситуација од носење на одлуки за поништување на јавниот оглас и постапката за вработување на слушателите во Академијата за судии и обвинители“, рече Огненовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ