четврток, 23 мај 2024

Пратеник во Парламентот на ЕУ пушти жив гулаб во знак на мир (ВИДЕО)

Словачкиот пратеник во Европскиот парламент синоќа привлече внимание пуштајќи жива птица од бината по својот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На збунетост и изненадување на присутните членови во Стразбур Мирослав Радачовски, лидерот на десничарската словачка партија Патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во салата на парламентот.

Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците. Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа ѝ е потребен мир. Да дозволиме овој гулаб да нè обедини сите“, рече Радачовски.

Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.

Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичка изјава, што е спротивно на правилата на парламентот.

„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.

Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш?“

Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ