среда, 23 октомври 2024

Пратеник во косовското собрание: Секој кој ќе убие српски полицаец ја има мојата почит

На погребот на убиецот на српскиот полицаец Никола Крсмановиќ Фатон Хајризи во Долна Клина присуствуваа неколку илјади Албанци, а меѓу нив и пратеникот на Демократската партија на Косово Беким Хаџиу, кој порача дека секој кој ќе убие српски полицаец ја заслужува неговата почит, пренесува Коссев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хаџију на својот профил на Фејбук го величи албанскиот терорист и сподели фотографии од погребот.

„Во Клина денес, заедно со илјадници граѓани, последен пат се простивме од Фатон Хајризи. Хајризи е првиот Албанец кој тргна од Косово и уби српски полицаец на територијата на Србија. До случајот на Фатон Хајризи, сите српски полицајци, војници и паравојници беа убивани на Косово“, напиша Хаџиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ