среда, 15 јануари 2025

Пратеници во Агенцијата за разузнавање, дали во Македонија се користел Предатор

Објавено на

часот

Сподели

Тој како претседател на Комисијата за надворешна политика беше дел од пратениците од Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање кои денеска беа во посетата на АР.

Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и преземените дејства на АР во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот Предатор за следење на комуникации, за кои има индиции дека се производ на македонската фирма Сајтрокс, која од неодамна беше ставена на црната листа на САД, заради безбедносен ризик.

Следна тема на интерес беше дали АР имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција, надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија.

Добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносноразузнавачкиот сектор“, напиша на својот фејсбук-профил Антонио Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ