Притоа, како што информираат од собраниската прес-служба, посебен акцент било ставено на дијалогот Белград-Приштина и рефлексиите врз регионалната безбедност, состојбите во Босна и Херцеговина, но и за европските перспективи на државата во контекст на глобалните безбедносни предизвици.
„Пратениците покажаа интерес за повеќе прашања, а посебно околу системите Пегасус и Предатор, безбедноста и заштитата на граѓаните од вакви софистицирани системи, како и носителите на јавни функции, при што Агенцијата потврди дека со такви системи не располага“, велат од собраниската прес-служба.
Од страна на пратениците, додаваат, позитивно била оценета средбата и добиените одговори на поставените прашања од страна на АР.