„Ендрит Фетаху, потпретседател на македонската политичка партија, МАЕИ и Марјана Костовски Фелах, претставничка на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства на Албанија, имаа можност да ги информираат пратениците за нивните активности во правец на унапредување на правата на македонското национално малцинство, како и со проблемите со кои истите се соочуваат“, пишува во објавата.
Од страна на претставниците на амбасадата и македонскиот Културно информативен центар, КИЦ, пратениците биле запознати и за идните активности на двете институции, во насока на подобро претставување на нашата земја во Албанија.
„Трајчулески и Здравковски изразија разбирање за положбата на македонското национално малцинство и информираа дека во Собранието е отворена позитивна дебата на темата, за која без разлика на политичката припадност, сите се согласни дека е потребно преземање на сериозни чекори за заштита на Македонското национално малцинство во Албанија“, се посочува во објавата.
Пратениците, придружувани од претставникот на протоколот на Собранието, Ристе Илиевски, посебно биле информирани за „Недела на македонската култура во Тирана” што ќе се одржи од 7 до 13 април, активност, поддржана од албанското Министерството за култура и Општина Тирана.