Почетокот на 29-та седница, според информациите од веб страницата на Собранието, е закажан во 11 часот. Претседателот на Собранието Африм Гаши на 26 декември рече дека за секоја интерпелација ќе се разгледува посебно и дека може да се дискутира цел ден во зависност од тоа колку пријавени пратеници има за збор, по што мора да се гласа.
За секоја интерпелација се дискутира цел ден, всушност колку пријавени има за збор. Седницата може да трае, но до крајот на денот мора да се гласа по одредената интерпелација.