Но, откако двајцата пратеници ги покажаа дипломатските пасоши со старото уставно име на државата, граничарите им дозволија да ја поминат границата. Велат немаат инструкции што со дипломатските пасоши со Република Македонија.
Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи.
🎥Со @LefkovMile се упативме на граничениот премин Делчево. Погледнете како не затворија во “конзерва”👇 pic.twitter.com/7veAaNlph3
— Brane Petrushevski (@belichMacedonia) February 21, 2024
Денеска и ВМРО-ДПМНЕ во соопштението ги повика пратениците од СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста за пасошите, ако не нека се откажат од дипломатските пасоши, со кои се привилегирани додека народот е затворен.
„СДС и ДУИ заглавија над 1 милион луѓе во Македонија. СДС и ДУИ знаеја за рокот за промена на пасошите и со години молчат и не преземаат акција. Напротив, 2 и пол години издавале пасоши за кои знаеле дека важноста ќе помине пред истекот на датумот впишан на самите исправи.
И СДС и ДУИ се комотни и не се вознемирени, затоа што додека народот е затворен во државата и му е оневозможено движење, тие како пратеници и државни функционери со дипломатски пасоши можат да патуваат каде сакаат, без разлика дали пасошите се нови или стари.
Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите. Со право народот вели дека немаме држава, и таа треба да се врати“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.