сабота, 27 јули 2024
Собрание

Пратениците денеска ќе расправаат за Законот за игри на среќа, за нов член на ДИК, за пасошите…

Собранието денеска треба да ја започне 145. седница на која на дневен ред, меѓу другите, се Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во трето читање, и избор на член на Државната изборна комисија.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата се очекува Абдуш Демири да биде избран за член на највисокото изборно тело во земјата. За тој да биде избран потребна е поддршка од повеќе од 80 пратеници. Партиски извори за МИА во понеделникот информираа дека се очекува за Демири да не гласаат пратениците од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Аланците, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиции и албанската опозиција ќе го поддржат.

Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.

На предложениот дневен ред на 145. седница се и измение на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија, по итна постапка, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, како и предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, предлози на пратениците на СДСМ кои се однесуваат на функционерските плати.

На 145. пленарна седница на дневен ред се и предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово, предлог на закон за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, предлог на закон за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и дополнет предлог на закон за вработените во Министерството за одбрана, сите во второ читање.

На дневен ред на седницата има и закони по скратена постапка и тоа предлог на закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, предлог на закон за изменување на Законот за спорт,
предлогот на закон за гаранција на Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Македонија и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Исто така по скратена постапка на дневен ред се измените на Законот за платите на судиите, предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, предлог на закон за изменување на законот за фитофармација и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државното правобранителство.

Во прво читање се предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ