петок, 18 октомври 2024

Праисториски кит – можеби бил најтешкото животно кога било на Земјата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Остатоците од ова суштество биле откопани во пустината во јужен Перу, па оттука е и името што во превод значи „Перуански колос“. Се верува дека живеел пред околу 39 милиони години, бил долг 17 – 20 метри и тежок меѓу 85 и 320 тони.

Коските биле пронајдени пред 13 години, но поради нивната големина и облик, биле потребни три години само да се донесат во Лима, каде што оттогаш се проучуваат. Научниците наведуваат дека само некои од најголемите примероци на синиот кит може да се споредат со новиот наод.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ