Германија и Италија одиграа интересен меч кој заврши 3-3, Германците благодарение на победата во Милано одат понатаму.
Германците во полуфиналето ќе играат против Португалија која со 5-2 ја победи Данска по 120 минути игра во мечот.
Франција на пенали ја победи Хрватска. Французите ја анулираа негативата од два гола против Хрватите и забележаа победа.
Тие во полуфиналето ќе играат против Шпанија која исто така на пенали беше подобра од Холандија.
Првиот натпревар заврши 2-2, а денеска по 120 минути игра резултатот беше 3-3, по што пеналите требаше да го одлучуваат победникот.
Подобри изведувачи на пенали беа Шпанците кои во полуфиналето ќе играат против Франција.
Полуфинале Лига на нации:
Германија – Португалија
Франција – Шпанија